Во писмото со кое во исто плико го ставил барањето на некои владици на МПЦ-ОА Вселенската патријаршија да преземе мерки за доделување автокефалност на македонската црква, македонскиот премиер Заев го нарекува патријархот Вартоломеј „духовниот водач и отец
на сите Православни“. Премногу залетување...
Имено, во редот на најстарите патријаршии на
Православната црква, покрај Вселенската, односно Цариградската патријаршија, постојат и Антиохијска, Ерусалимска и Александријска
патријаршија, и сите четири се сметаат за еднакви по достоинство. Од големата шизма во 1054 година, кога
дотогашната помалку или повеќе обединета Црква се поделува, четирите
погоре наброени патријаршии не ја прифаќаат Римската патријаршија,
односно сегашната Римокатоличка црква, со која раководи Папа.
Да не зборуваме, пак, за поновите, како Московската патријаршија (која не признава преемство на Цариградската патријаршија), но и Пеќката, Трновската... Односно, во Православието имаме поголем број патриархати, со свој територијален опфат и душегрижнички авторитет. Што значи дека на своите територии тие си ја имаат пастирската улога, обврска и авторитет.
А не Цариградската патријаршија, колку таа да го посакува тоа...
Со други зборови, Заев, односно тој од МПЦ-ОА што му го составувал писмото, ептен ја љуфна, што би рекле битолчани...
Во меѓувреме, чекаме МПЦ-ОА да го покаже писмото, за да видиме што тие направиле.