Во разговор со д-р наук. Ненад Живановски, којшто живее во Лондон, за неговите симптоми, коишто најверојатно се на КОВИД-19, а не го испратиле на тестирање за болеста (објаснува човекот зошто), Снежана Лупевска се интересира „Дали има онлјан-тестирање, онлајн-тестови“ (од 5:40 во видеото).
Гаф, се случува постојано во емисиите, но навистина ме насмеа...
07 April 2021
Дали има онлајн-тестови за КОВИД-19? Ако има, може и ќе почне вакцинирање преку телевизија
04 April 2021
Ве „оддува“ хеликоптерот
Многу жалам што луѓе што ги ценам паднаа на шашмата со возењето со хеликоптер (патем, уште во медиумите пишуваат „хелихоптер“ и дури и „хилихоптер“) во време кога имаме рекордни бројки починати и екстремно високи бројки на новозаразени.
„Честитам!“ (ова е иронија, се разбира!).
...наместо да барате власта да ги презема вистинските мерки за справување со експлозијата на нови случаи, вие се занимававте со небитни работи!
Labels:
влада,
КОВИД-19,
коронавирус,
криминал,
хеликоптер,
хелихоптер,
хилихоптер
23 February 2021
Збогум Панонски морнару, збогум Ѓорѓе Балашевиќ!
По долго размислување, сепак решив да го прекинам самонаметнатиот молк...
Збогум Панонски морнару!
Фала ти за сите дружби, фала ти што ми ги исполнуваше тинејџерските години, фала ти што беше покрај мене кога немаше никој друг! Фала ти што ме учеше да размислувам и со срцето и со умот, што во клучните години, на својот начин, многу помогна да станам за трошка подобар човек од тоа што можев да бидам...
Ќе ми фалиш многу! Се надевам дека те пречекаа со златна харфа!
Subscribe to:
Posts (Atom)