07 April 2021

Дали има онлајн-тестови за КОВИД-19? Ако има, може и ќе почне вакцинирање преку телевизија

 Во разговор со д-р наук. Ненад Живановски, којшто живее во Лондон, за неговите симптоми, коишто најверојатно се на КОВИД-19, а не го испратиле на тестирање за болеста (објаснува човекот зошто), Снежана Лупевска се интересира „Дали има онлјан-тестирање, онлајн-тестови“ (од 5:40 во видеото).
Гаф, се случува постојано во емисиите, но навистина ме насмеа...


04 April 2021

Ве „оддува“ хеликоптерот

 

Многу жалам што луѓе што ги ценам паднаа на шашмата со возењето со хеликоптер (патем, уште во медиумите пишуваат „хелихоптер“ и дури и „хилихоптер“) во време кога имаме рекордни бројки починати и екстремно високи бројки на новозаразени.
„Честитам!“ (ова е иронија, се разбира!).
...наместо да барате власта да ги презема вистинските мерки за справување со експлозијата на нови случаи, вие се занимававте со небитни работи!