Showing posts with label Македонија. Show all posts
Showing posts with label Македонија. Show all posts

12 June 2018

Абе како може референдум по ратификација!?!

   Можеби сум неинформиран, ама ратификација оди по референдум, а не потоа... Или јас сум нешто неинформиран или станува збор за невидено перење мозок на невидено глупав народ?

17 May 2018

Нема решение без референдум

   По егзалтацијата на одредени „фактори“ во земјава, а во кусок на доволно информации за договореното од Заев и Ципрас во Софија денеска, сакам само да потсетам на стотици пати повтореното ветување од поранешната опозиција, а сега владејачка сила, дека какво и да е решение ќе биде ставено на референдум.
   „Оптимисти“, не скокајте толку многу дека има компромис. Зарем не ја знаете старата поговорка „Чувај се од Данајците и дарови кога носат!“.
  Ерго, откако ќе разбереме за што се договориле Заев и Ципрас, одлуката ќе биде на народот, не на политичката елита!