После, како што за еден куп македонски медиуми сведочеа директно вклучените страдалници во македонското здравство, катаклизма во овој круцијален сектор на државата, Министерството за здравство повлече потег што, така, на прва погледнат, не можеш да не го испофалиш. Набавка на нова опрема за установите и болниците. Низ целата држава. Тоа е прилично неопходна постапка, земајќи предвид дека во изминативе две децении на самостојност набавките беа повеќе инцидентни и вистинска реткост.
Слушајќи првпат за планот да се потрошат седумдесетина милиони евра за медицинска опрема, се израдував. Оти иако сум немал потреба од нив, ме фаќаше тивок ужас од помислата на апаратите за магнетна резонанца, за компјутерска томографија, итн. Опашките што им беа закачени се провлекуваа со месеци... Одиш на снимање оти лекарот ти го препишал поради дијагноза, за да може итно да почне да те лекува, а ваму ќе ти речат дека ќе те снимаат после 6, 8, 11 месеци!? Во такви услови, навистина, и одлуката за набавка на само еден нов апарат за магнетна резонанца е фантастична вест, а камоли планот за огромен пакет опрема за секаде.
Како што почна да се испорачува опремата, изгледаше дека сѐ е в ред... Сите насмеани, министерот нешто зборува, некои „министерки“ се фрцкаат пред камери, некои лекари се тепаат кој поблиску да биде до министерот...
Севкупната вистина почна да излегува сега на површина... Опрема е купена (во многу случаи по цени повисоки од реалните, во нетранспарентна тендерска постапка, обвини СДСМ), но тоа како е делена е всушност најголемиот циркус...
Два апарати за анестезија добила Клиниката за пластична хирургија, којашто има мала потреба од нив, оти главно работи со локални анестезии, додека Клиниката за неврохирургија, на која ѝ се постојано неопходни вакви апарати, ѝ дале само еден... Многу интересно е тоа што по еден нов лапараскопски апарат добиле и Клиниката за гинекологија и гинеколошката болница во Чаир. Во првата се вршат и по 700 интервенции, во втората 200. Простата математика покажува дека ако се работело фер, првата требало да добие барем три... Тоа раѓа сомневање дека поделбата се прави и по етнички клуч. Во првата директор е Македонец, во втората Албанец (не сакајќи сега да фрлам ниту трошка сомнеж за стручноста). Етничка миризба се засилува и од фактот дека Клиниката за неврологија не добила нов томограф (стариот одамна дотрајал), а таков апарат најверојатно ќе се испрати во Гостивар.
Нема сомнеж дека опрема треба да се доставува секаде. Ама со потребите како критериум, не со некои други белези.
И да биде маката поголема, после обвинувањата од фелата дека новите вработувања во здравството се претежно според партиската припадност, слушнавме изминатата недела дека и лекувањето подлежи на тој принцип. Лекари (коишто, нормално, сакаат да останат анонимни) се пожалија дека биле викани од некои директори во скопскиот Клинички центар за да им се каже дека на некои пациенти кои се со партиски книшки од владеачките партии мора да им се овозможи најдобро можно лекување. Другите пак ќе бидат оставени на редовните процедури.
Следователно на сѐ што кажавме досега, предлагам да се смени името на здравството. Оти е тешко болно. И слабофункционално. А сите ние го плаќаме.
Објавено во „Сега” („Шпиц”) на 19 февруари 2011 година.