Showing posts with label писмо. Show all posts
Showing posts with label писмо. Show all posts

15 November 2018

Jó napot kívánok драги Марко,

   Надам се да сте ти и твоите добро тамо,
   Молим те, овде ми је мало густо, па провери тамо код тебе како је. Ја би да дојдем. Знам да је малку студено, али сам купио стварно дебелу јакну овде на Кинеској пијаци.
   Ако је „ваздух чист“, долазим хеликоптером.
   Твој друг Никола

31 May 2018

Ја љуфна

   Во писмото со кое во исто  плико го ставил барањето на некои владици на МПЦ-ОА Вселенската патријаршија да преземе мерки за доделување автокефалност на македонската црква, македонскиот премиер Заев го нарекува патријархот Вартоломеј „духовниот водач и отец на сите Православни“. Премногу залетување...
   Имено, во редот на најстарите патријаршии на Православната црква, покрај Вселенската, односно Цариградската патријаршија, постојат и Антиохијска, Ерусалимска и Александријска патријаршија, и сите четири се сметаат за еднакви по достоинство. Од големата шизма во 1054 година, кога дотогашната помалку или повеќе обединета Црква се поделува, четирите погоре наброени патријаршии не ја прифаќаат Римската патријаршија, односно сегашната Римокатоличка црква, со која раководи Папа.
   Да не зборуваме, пак, за поновите, како Московската патријаршија (која не признава преемство на Цариградската патријаршија), но и Пеќката, Трновската... Односно, во Православието имаме поголем број патриархати, со свој територијален опфат и душегрижнички авторитет. Што значи дека на своите територии тие си ја имаат пастирската улога, обврска и авторитет.
   А не Цариградската патријаршија, колку таа да го посакува тоа...
   Со други зборови, Заев, односно тој од МПЦ-ОА што му го составувал писмото, ептен ја љуфна, што би рекле битолчани...
   Во меѓувреме, чекаме МПЦ-ОА да го покаже писмото, за да видиме што тие направиле.