Една од омилените шеги на компјутерџиите гласи вака: Да се греши е човечки, но за да предизвикаш вистински хаос е потребен компјутер. Иронијата со Македонија е тоа што кога се направи мамутски проект за воведување компјутери во училиштата, оваа шега стана горчлива реалност за многу наставници и директори, но не помалку и за учениците и родителите.
Во време кога многу училишта во села, а неретко и во градови, нудат такви можности за вршење мала и голема нужда што учениците повеќе сакаат да „стискаат" до дома отколку макар минута да минат во училишните тоалети, одлуката да се купуваат компјутери за секое дете е невидено с...! Да не зборуваме пак во каква состојба се грото училници. Некаде толку многу капе од плафоните, што никој не може да им замери на директорите што не сакаат да се инсталираат компјутерите. Оти од фаталните капки не само што може да настрадаат компјутерите (по еден за шест монитори!), туку лесно може да отиде и дотрајаната електрична инсталација. А и старите клупи тешко ќе го издржат дополнителниот товар од мониторите уште некоја година.
Ама бидна. Власта се залета и се накупува компјутери. За 50 милиони евра. Само заборавија дека компјутерите сами по себе не значат ништо ако нема софтвер. Е сега, тука чувстувам потреба да застанам нешто да објаснам. Како приврзаник на слободниот софтвер (софтвер за кој нема заштитени авторски права, па секој со неопходните познавања може да интервенира во програмите, да си позајми дел од кодот за некоја своја програма, што на долг рок создава невидени можности за создавање многу разновидни квалитетни и стабилни апликации, кои честопати се и бесплатни), отпрвин се израдував кога чув дека на училишните компјутери ќе се инсталира оперативниот систем Едубунту. Тоа е верзија на Убунту, кој барем засега е најзастапената и една од најстабилните дистрибуции (варијанти) од семејството на Линукс. Но, како што минуваше времето сѐ повеќе ме удираше по глава горчливата реалност: дека сме далеку од тоа да се преведат или создадат навреме оптимален број содржини и училишно прилагодени програми за Линукс на јазиците кои се говорат во земјава, што е и главниот момент на користењето компјутери во училниците. Што го констатираше во средината на изминатава недела и фондацијата Метаморфозис која спровела истражување за користењето компјутери во училиштата, кое покажа неверојатно поразителни резултати. Нема доволно електронски содржини, компјутерите малку се користат, а и кога се користат главно тоа е за играње, безделничко сурфање или пак за крадење материјали од интернет, кои потоа учениците си ги потпишуваат како свои проекти или домашни задачи.
Или кусо по скопски кажано: Утка невидена!
Односно, еден во низата експерименти во двата најниски степени на образованието. Кое изгледа ќе доживува и нови авантури. Како онаа од почетокот на неделава, кога министерот за образование најави проект, кој и според мене и според поранешни министри и експерти е вон умот - учениците во шесто и седмо одделение да си се запишат направо во средно за да учат степен за некоја ниска квалификација. А основното до деветто одделение да си го туркаат паралелно...
Ви треба ли сега некој друг да Ви сервира заклучок колкава е издржаноста и логиката на тие проекти? Не верувам - досега сами си го донесовте.
Претчувствувате, секако, што кадри ќе излезат од така скроено образование.
Oбјавено во „Сега“ („Шпиц“) на 9 октомври 2010 година.