Откако вчера почнаа сите „медиуми“ во земјава да го дрват дека откриле колку жители има Македонија според Државниот завод за статистика (ДЗС) размислував дали да реагирам или не...
Ама кога денеска продолжија со „веста во низа“, односно кажуваат колку лица се отселиле од Македонија во 2016 година, морам да изреагирам и да кажам дека таа бројка не е новост, оти ја има во годишникот на ДЗС „Македонија во бројки 2017“, кој всушност дава податоци за 2016 година. Објавен е на веб-сајтот на ДЗС на крајот на јуни 2017 година.
Е, од тој годишен извештај неколкупати минатата година сум цитирал податоци во новинарски текстови, вклучително и двапати бројката на население во 2016 година. Којашто сега некои ни ја пласираат како некаква новост...
03 January 2018
01 January 2018
Улицата зад затемнети разладени стакла
Тој можеби сум јас. Можеби си ти. Или некој когошто го знаеш. Можеби сега не си тој, но постои опасност да станеш таков. Ќе ме прашаш каков? Па бездушен... Што ќе рече никаков...
(Знам дека се обраќам во машки род, ама не ми е намерата да ги прозвам само мажите – истото се однесува и на жените, ама некако ми е поелегантно да се обраќам со машките форми, што ќе рече, да ги прозивам сега мажите, поради стилски причини).
Оти некои работи на мажите и на жените им се премногу слични. Ама јас нема да се задржам сега на се, туку само на тоа најгорливото и најмнорничавото.
Еднаква ни е незаинтересираноста за оној којшто нема. Можеби нема дом, можеби нема ни два денари во џебот, можеби не може да си купи и векна леб, па му вие волчја глутница во стомакот. Можеби и не е дека нема, ама тоа што го има е премногу далеку од доволно за барем еднаш во денот да се почувствува малку подзаситен...
Поминуваме покрај нив со нашите нови и бесни автомобили. Но не ги регистрираме. Не ги сметаме за живи; повеќе за непријатен уличен декор којшто некако го извадила земјата (оти ги гледаме како кал, не потсетуваат на земја, на нешто валкано). Не сакаме да им се приближиме за да не си ги извалкаме белите кошули со тенки, тенки сиви риги. Не сакаме да дојдеме во нивната близина за да не се пренесе врз нас нивниот неуспех да поминат добро во животот; за да не скокне и врз нас и да почне да не дави нивниот очај и беда.
И не, не сакаме да им дадеме пари. А дури и кога тоа ќе се случи, со тешка болка вадиме максимум десетденарка од џебот. Скраја да е да дадеме повеќе! Па ние чесно и со голема мака ги печалиме своите пари, а тие сакаат дел од нив, а не сакаат да работат... Нека метат улици барем...
Ги гледаме честопати преку затемнетите стакла на климатизираниот автомобил. До половина навлезени, буричкаат во крајпатните контејнери... Но ние заминуваме, не очекуваат нови радости и нови победи.
Тој издрпан старец со велосипед кој собира разни предмети од изгнасените контејнери можеби некогаш исто размислувал и исто поминувал покрај бедните со својот „стојадин“. Но денеска можеби и тој не се сеќава на тоа. Не може да размислува за нешто друго освен за црвецот кој му рие во желудникот.
Не мислиме на нив и тогаш кога купуваме во блескавите супермаркети. А купуваме водени од алчноста да се има што е можно повеќе, да се купи речиси од се. Иако можеби и нема потреба од тоа. И потоа, купеното ќе стои невкусено додека не му мине рокот – и ќе заврши во контејнер. Од каде ќе го избуричка некој многу понесреќен од нас. Иако не морало да биде така – само ако сме се сетеле некаде пред да помине рокот да го споделиме со некој кој со години живее со постојано празен стомак.
За некои проблеми потребно е навистина малку за да се ублажат. Но тоа малку мора да го прави секој од нас. Тогаш ќе видиме дека заеднички можеме навистина многу.
Објавено во „Сега” („Шпиц”) на 4 јуни 2011 година

Labels:
гладни,
климатизација,
климатизери,
контејнери,
питачи,
празен стомак,
претурање,
просјаци,
стојадин
Спок и Вулкан
Над Европа изминативе денови имаше две причини за отежнат авионски сообраќај. Едната беше ерупцијата на исландскиот вулкан Гримсвотн, кој исфрли огромни количества прав во атмосферата и го отежна летањето над голем дел од Северна Европа. Но тоа за Исланд е и очекувана работа...
Втората причина беше ерупцијата на „вулканот Преродба”, кој еруптираше од поодамна, но продолжи со активна работа и изминатава недела. Крена голем облак пепел во атмосферата од проширувани и изгребани улици во Скопје, кои треба да асфалтираат или пак беа асфалтирани, ама набргу, поради неквалитетот, и преасфалтирани; потоа од големите количества честички цемент кои се креваат при туривањето во мешалките за градежните проекти од многу скапоцениот проект „Скопје 2014”, но не помалку и од булдожерите кои пробиваат патишта за селата...
Да не го заборавиме и ситниот песок од скопските плажи кои според амбицијата на информатичарот, пардон, актуелен скопски градоначалник, треба да им го разубават животот на скопјани, на кои веќе сè им е потаман, ама им фалеа плажи покрај смрдливиот Вардар.
Ах, да, за малку ќе заборавев... Не помалку прашина се крева и од партиските конвои кои конечно згазија и по излоканите селски патишта за да отидат таму кај што речиси никогаш не биле - по селата - да ожнеат и таму некој потенцијален гласач.
И тие думани прашина што ги крева амбицијата на власта да ни покаже дека ете навистина мисли на нас, како да ме замајаа и мене, тука долу на земјата. Дотолку што веќе почна да ми се допаѓа изборната кампања.
Едно што од прашината не догледувам толку убаво кој што зборува за своите планови “кога ќе дојде на власт” па се ми изгледа ново и веродостојно, но најмногу поради тоа што пак нешто се случува по ова поднебје. Додуша со задоцнување!
Оти сите силни зафати власта можеше да ги преземе и досега. Па седнаа во фотелји во 2006 година, а две години подоцна добија и втор печат за авторитет. Зошто досега не ги преземаа тие зафати? Еве, да не ширам подалеку, да се задржам на Скопјево. Што им требаше одеднаш да јурнат да ги реконструираат сите главни сообраќајници во скопскиот Центар. Па и пошироко?
Па да, кампања е... А тоа градењето, е така да речам, помошно средство за вербалните ветувања. Кои се исполнуваат... Ако не сега, потоа... Ако не тогаш кога било ветено, некоја година подоцна. Важно “Остваруваме!”. И сега брзаме за да може пред избори нови ленти да пресечеме.
П.С. Тоа што нам сега ни се случува чинам не би можел да го разбере ниту Спок од планетата Вулкан, еден од главните ликови во првото издание на култната “Ѕвездени патеки”, битие речиси човек, но суперинтелигентен и претерано рационален.
Објавено во „Сега” („Шпиц”) на 28 мај 2011 година

вулкан,
вулканска прашина,
Градска плажа,
Гримсвотн,
Исланд,
плажи,
Преродба,
Спок
31 December 2017
Солунски дибеци
Србите имаат една поговорка: Оно чиме се паметан стиди, будала се дичи! (Со она од што умниот се срами, будалиот се гордее!)
Сметав дека минатата гарнитура на власт направи ненадминливи утки, но уви!, еве го овој недостоен „функционосител“ отрча во Солун.
Срамота е за премиер или претседател на битни датуми да биде надвор од својата држава! Овој дибек тоа никогаш нема да го сфати, како што изгледа не сфаќа дека ги навредува не само достоинството на држава, туку и сентиментите и гордоста на „својот“ Народ...
Кој по утките и бројните гафови на Заев, како и по проневерите на функционерите во неговата гарнитура, галиба нема да ги тинтра долго ниту него ниту неговите.
Фијаско! Зоран Заев, срам да ти е, го поплука достоинството на народот!

Грција,
дочек,
Зоран Заев,
Јанис Бутарис,
Нова година,
прашањето за името,
прослава,
Солун,
спорот за името
28 August 2017
Хаос мајстор
Човекот чесно си објавил оглас, кажува што работи, а и евтин е - за 10 евра имате хаос каков што ќе си побарате! :D
08 August 2017
Изгоре перото, претече мастилото...
Во време кога шерифот Меклауд ти го фукна Доминик Строс Кан во њујоршка апсана ко да е ситно дилерче, а не прв човек на Меѓународниот монетарен фонд, институцијата што го држи паричниот крвоток на светот, се замислив малку за тоа што народот на ова поднебје сторил за тоа да се заштити себеси и да го заштити општото добро. Зборувам за постсоцијалистичката ера, за периодот на демократијата. И за демократските алатки што, чинам, ни стојат ’рѓосани, а неупотребени.
Ете, Американците, на пример, чија држава се раѓа цели 14 години откако на тукашната православна паства и ја убиваат тогашната Охридска архиепископија, некои работи ги решиле одамна. Сфатиле дека одредени институти на општеството се за сенародно добро, па ги заштитиле од интервенциите на врските, моќта и парите. Не идеално разбира се, но таму и да си Бил Гејтс, на пример, и да те фати некој локален џандар дека си возел 4 милји на час побрзо од дозволеното, не те пере братко ни тоа што можеби претходната ноќ си бил на пијанка со претседавачот на Сенатот. Никој не може да ти ја скине белешката - ќе си платиш или ќе си одлежиш. Полицијата е многу посилна од богатството. Тоа го сфатиле и богатите, оти полицијата е тука и да им го чува богатството од апаши, па сфатиле дека не треба да ја злоупотребуваат, туку да ја негуваат и да ја цврснат.
Истото им е и со судовите. И Обама да влезе во судница како сведок, има пиперевка, бре, да му игра на судијата, иако овој можеби и не е толку достоен на фотелјата, оти е локален шеф на Кју Клукс Кланот, или неоткриен педофил... Се знае дека на претседателот му е ограничена моќта до портата на судница, а на судијата пак со правосудниот систем.
Истиот тертип во Соединетите Американски Држави, уште многу, многу одамна е применет и врз новинарството. Тоа таму е вистинска сила. Тоа првпат посредно го спознав уште од времето кога во Скопје Американскиот центар беше карши „Беко“, каде што земав едно книжуле кое требаше да биде афирмативна брошура за САД. Таму на неколку страници во детали беше објаснето колку национални, колку локални, колку специјализирани телевизиски станици има, колку весници, колку радија и на кои бранови емитуваат. Од гордоста со која се набројуваа податоците видов дека во „Америка“ развиеното новинарство се смета за сервис на јавноста и коректив на власта. Без разлика во чии раце е - на бизнисменот Џек или на околискиот совет. Како пак изгледа работата на американските новинари, покрај во експлозијата на есеи на специјализираните новинарски сајтови, можев да дознаам и од еден искусен новинарски волк, кој тука во Скопје држеше предавања. И се фрапирав колку пати повеќе е лесно да си новинар во САД.
Земјава, како што се гледа од приложеното, во тој поглед е уште во камено доба. Половина година власта „тера мак на конац“ да ја затне устата, да ја уништи првата приватна телевизија А1, како и весниците „Шпиц“, „Време“ и „Коха е ре“. Не и се по ќефот, ја критикуваат. Што, пак, суштински е задачата и смислата на новинарството. Ама ВМРО-ДПМНЕ тоа не го интересира. Партијата сака да постојат само нејзините медиуми - такви пак станаа грото од играчите на новинарската сцена.
Во таа констелација, навистина трагично е што ДПМНЕ реши ниту еден нејзин истакнат член да не оди на ТВ дебати. Ем медиумите се кажи-речи нивни, ем и таму се плашат да се појават! Па ово нема ни у Београду...
Објавено во „Сега” („Шпиц”) на 21 мај 2011 година

Американски центар,
Беко,
Време,
правосудство,
судство,
џандар,
шерифот Меклауд,
Шпиц
27 July 2017
Курбани на лудилото
Во време кога редица градби во Македонијава наша страдална што ги граделе Римската, Византиската и Отоманската империја се оставени да ги догриза забот на времето, нашиот најнов император реши да ѕида нови. Го фрли пенкалото нашиот премиер откако си го искицира сонот и викна громко: „Скопје 2014 ќе го правиме, владеењето ќе си го красиме. Колку чини, нека чини!“
И тргна налудничавиот проект. Со звук на владини фанфари, на опозициски свирежи и народни клетви и плачеви, почна проект кој, цврсто сум уверен, на крајот ќе биде само резил што ќе ни го споменуваат додека е светот и векот! Проект за кој, да не забораваме, арчат народни пари толку слободно како татковците да им ги оставиле...
Елем, забрчеа багерите, се затркалаа камионите, се завртеа мешалки за бетон за да го излеат сонот на Грујо Први. Фатија работниците тесли и пердашки и почнаа да ѕидаат, малку успокоени дека, барем за нив, ќе капне некој денар. Меѓу нив и сега покојните жртви на лудилото на власта – Ласте Богатиновски и Горан Трајковски. Кои загинаа во текот на едно седумдневие паѓајќи од објекти на неполни 50-тина метри еден од друг. Ѕидаа неимарите измачени , шалувајќи, леејќи бетон, редејќи цигла по цигла... И кога сега гледам како мува не ги лази некои (не)одговорни, па дури имаше и обиди да ги прогласат покојните за виновни (уверен сум цврсто, драги мои, дека не станува збор за незнаење кај загинатите како се работи, туку за голема вина на тие што го брзаат целиот проект, за да се стаса сега во кампања уште некоја црвена лента да се пресече), вријам! Ама наредбодавачите можеби и сметале на жртви...
Тоа ми ги навева сега мислите кон една од најпотресните македонски легенди. Со слична тематика. Елем, во Кратово се наоѓа Радин мост на Манцева Река, за којшто народот верува дека во неговите темели жива е заѕидана некоја Рада. Според приказната мостот го граделе 9 браќа, но тој постојано им паѓал. После долго думање, решиле да дадат курбан во човечки живот. И така, вели песната:
„Се опкладиле деветте браќа
која ќе снаа утре да дојде
ручек да донесе на мајсторите
нејзе во темел да заѕидаат
да ни затрае мос на река Манцева
Вечерта кога дома дојдоа
сите им кажале на невестите
само не ѝ кажа најмалото братче
он не ѝ кажа на Рада невестата
Станала Рада ручек зготвила
ручек им однела на мајсторите
кога ја виде радиното момче
викнало оно на глас да плаче
Кога ја фанале Рада деверите
и ја заѕидале во темелите
Рада на деверите милно им се молела
барем остајте ми десната града
за да надојам машкото дете
И ја оставиле десната града
за да си надои машкото дете.“
А што да правиме ние сега? Народот за Рада испеал песна (колку и да е приказната фантастична и за неверување). Што да правиме ние сега, ние кои ги плаќаме даноците од кои власта граба пари за својот налудничав проект?! Ние кои сега имаме крвави раце, оти не застанавме доволно силно да му кажеме на императорскиот дворец дека не дозволуваме така да си игра со нас и со нашите пари и со човечки животи?
Ех, ништо не сторивме досега... Ама не мора така и да остане. Ете го кај е 5 јуни - можност да се обидеме да се искупиме за нашиот грев!
Објавено во „Сега” („Шпиц”) на 14 мај 2011 година.

багери,
браќа,
Кратово,
курбан,
мува,
неимари,
Рада,
Радин Мост,
Скопје 2014
Плажирање пред избори
Додека прштеше по каквиот-таков македонски медиумски простор најновата „тема“ за истакнат кодош, којашто, чинам, беше внимателно темпирана за да се одвее вниманието од претходната точка на интерес – дека интензивно се води „кампања уместо кампање“ (проштевајте, ама не можев да одолеам да не го вклучам тука „Изногуд“ еден од стриповите на моето детство кого ми го овозможуваше едно на времето екстрапопуларно белградско списание), и јавноста и новинарите подзаборавија и на уште една работа. Елем, интервјуто на премиерот Груевски на „Сител“, кое, барем колку што јас знам, ќе да е прво кое не го водеше Латас (сигурен сум дека тој има добро оправдание за тоа - ако ништо друго, барем лекарска белешка).
И така, „кампањски“ премиерот на националната телевизија распали да се фали што сè направиле, кажуваше што мисли за Шеќеринска, за кампањата на СДСМ, за постигањата... Додека тоа траеше во кујната си подготвував јадење. Оти сум го слушал тоа и претходно. Арно ама, кога водителот на вестите Валентин Николовски го постави прашањето за „Скопје 2014“ оставив сè и втрчав во дневната.
Дури тогаш видов колкава е убеденоста на нашиот премиер дека прави добра работа. Се фалеше дека со децении претходно неговите бројни претходници не си ја сакале нацијата и државата, па ете тој морал да интервенира и да гради споменици и нови згради оти така личело, дека со градежниот бум правел арно (замислете си!) па овозможувал плата и приходи на илјадници градежни работници и нивните семејства, кои се вклучени во градежниот бум...
А не кажа пустиот премиер дека арчи народни пари на хир, иако тие би можеле да бидат употребени за реставрација на уште патишта и автопати (ова последново го кажувам оти после подолго време неодамна возев по автопатот кон Градско, па видов дека асфалтот и по едната и по другата насока многу често изгледа како сложувалка (се крпело по потреба по половина квадратен метар до десет квадратни метри, иако асфалтот во нормалниот свет, колку што јас знам, се обновува по делници барем еднаш во 15-тина години, а кај нас некаде не е гибнат уште од кога е градена насоката Велес - Скопје).
Од тие пари фрлени за „Скопје 2014“ нешто можеше да се употреби и да се изградат модерни филтер станици на градски и селски водоводи и за помодерни канализации насекаде - дури до Богородица и до Радожда, во Истевник и Тромеѓе...
Можеше исто така пари да се вложат и за итна изградба на монтажните училишта по селата (кои министерот за образование ги најави уште пред два месеци) па сега да не им капе на децата по букварите кога врне, во училниците во старите училишни градби за кои министерството рече дека не се исплати да се реновираат...
Можеше многу со тие пари, да... Исто како и со парите што скопскиот градоначалник ги лупна за втората градска плажа во Скопје, на која замислете и палми засадија! И на која никогаш нема да отидам, оти јас ако одам на плажа, сакам и да пливам, а на само да се сончам (тоа можам и на мојата тераса) - оти Вардар е уште забранет за капење!
Нонсенс на векот, луѓе мои...
П.С. Во времето кога го пишувам ова, уште ништо не се знае за идентитетот за кодошот, за кои некои напишаа дека работел под псевдонимот „Корбизје". Познавајќи ја полициската логика и начинот на којшто ги именуваат операциите и соработниците, се прашувам да не е правена аналогија - што ќе рече, да не е кодошов колега на Корбизје (иако само формално)?
Објавено во „Сега” („Шпиц”) на 30 април 2011 година

Богородица,
Вардар,
водоводи,
градежен бум,
Градска плажа,
Груевски,
Изногуд,
Корбизје,
Латас,
Сител,
Скопје 2014
21 October 2016
Осуда за нападот на Павле Беловски
Нападот на Павле Беловски е напад на новинарството - премногу важниот фактор за контрола на властите. Сите релевантни чинители МОРА да го осудат нападот, во спротивно стануваат соучесници на тепачот и на оние што сакаат да го убијат новинарството во Македонија.
02 April 2016
Subscribe to:
Posts (Atom)