11 February 2018

Протагонистите на злобата

   Злобата залудно се залагаш да ја сознаеш. Ако тоа го правиш,  навистина си и туѓинец. Којшто живее крај нејзините протагонисти.

06 February 2018

Немтуросани непријатели

   Нежна ноќ најсетне. Немтуросани непријатели наблизу. Но најважното ноќта беше нејзината нежност.

Стивнување

   Не умееше да ги пофаќа нишките на тој сон. Го втасуваше честопати, иако секогаш инаков, секогаш пострашен, секогаш порастресувачки. Како небото да му кажуваше дека му се источуваат дамарите...

Валкани пробисвети

   Глупавоста и алчноста од двата спротивставени табора го шибаа како ластегарки по грб на вол-орач.
   Но неговата крупна снага ги примаше болките како исконска вибрација на овој несвет свет што само му ја засилува решителноста да продолжи да се бори против валканите пробисвети кои влегле во неговата ливада за да ги згмечат сите нејзини шаренила.

02 February 2018

Средба во спомените

   Седеше во профил на правецот на нејзиното доаѓање. Ја чувствуваше како топлина што не ја сетил одамна.
   Како некогаш, по влегувањето во поприлично затоплената соба по долгото санкање на ритчето во населбата.

Во разминување

   Фатени во „коридор“ помеѓу паркирани автомобили и ѕид, многумина ќе се разминат навалувајќи ги бргу чадорите настрана. Притоа многумина од нив ќе се допрат. Ќе остане по некоја мирисна трага на копнеж на тоа место.

Низ прозорецот

   Секогаш кога е можно тоа, се обидувам од прозорците на гнасните автобуси со погледот да го уловам Водно. Тоа е се што неговиот брат Скопје не е. Чисто. Издигнато над гнасотиите.

Ќе си честитаат

   Во многу кафулиња денеска главната зафрканција ќе биде „Ај нек ти е честит празников!“, па ќе се креваат чаши. Во близина, пак, многу души ќе креваат недојадени парчиња храна од кантите за отпадоци и ќе ги требат од најнечистото налепено на нив.

01 February 2018

Месечината над Скопје

   Скопје вечерва ќе и намигне на Месечината, задувно кашлајќи и вртејќи ја главата настрана. 
   Градите ќе му ги стопли дури ноќеска пареата од фурните што го печат лебот за новиот ден.

18 January 2018

Шовинистот Арбен Таравари не ја признава Македонија

   Арбен Таравари, лакејски послушен на својот профуцкан политички ментор Зијадин Села, покажува крајно непочитување и непризнавање на Република Македонија, во чии рамки тој управува со една општина и прес-конференциите ги држи пред албанското знаме, знамето на ЕУ и знамето на општина Гостивар. Македонско знаме нема никаде!
   И немој некој да се обидел да го „вади“ кажувајќи дека има македонско знаме во просторијата, ама од другата страна! Значи, кога се поставуваат повеќе знамиња, сите тие мора да бидат групирани и поставени под точен редослед.
   Еве како треба да биде кај нас. Еве што вели законот на веб-местото на Министерството за правда. Еве што велат Британците за нивното знаме.
   Срамота!


Фотографијата, а и уште една слична, може да ја видите на веб-местото на општина Гостивар.