11 May 2018

Ајде, сега чешма...

   Ова премиеров и министриве ги стасаа по фотографирање и сечење ленти главучите од владите на Груевски и него лично.
   Ајде да видиме каде ќе „фркне“ првата селска чешма?
 

Добро што се повлече Командант Хоџа

   Џезаир Шакири, Командант Хоџа од војната во 2001, а и подоцна, решил да се повлече оти му пречеле критиките. Тоа е најмалку што може да направи човек ангажиран за советник со владина плата, а давал такви изјави пред три години (а можеби и подоцна) за безбедносните сили на Република Македонија.

09 May 2018

Се моли лицето Оливер Спасовски...

   Се моли говедото (да не употребам друг атрибут, што цело Куманово го употребува) Оливер Спасовски да не се обидува да им биде полицаец на новинарите и да не дели епитети за нивната работа, туку да си седи мадро, оти новинарите имаат многу работи да извадат против него.
   За почеток, нека каже колку пари зеде од „пајакот“, чиј автомобил упорно секој ден стои паркиран на истото место!

04 May 2018

Неписмени со факултет

   Македонија навистина напреднала. Најголемиот дел од неспособните и неписмените, 99% од нив, се со факултетски дипломи или магистерски титули, а имам сретнато такви неколкумина и со докторат...
  „Знаењето е сила, знаењето е моќ!“ трубеше „бандата“ на Груевски. Труба!!!

02 May 2018

Везач на зборови

   Преведувачот мора да биде везач на зборови! Секој збор да вреска, за секој збор веднаш да се види дека е со многу размислување и труд пронижан таму каде што е.

02 April 2018

Бегаат над градот душите на копнежливите

   Додека сонцето ги издишува последните здивови над Скопје ова деноноќие, по него итаат илјадниците души натопени во копнеж, додека нивните тела долу јачат во самракот на немањето и на свирепата мисла дека и утредента нема да им ја донесе наситката.

26 March 2018

Му беше премногу далечна

   Му беше премногу далечна... Стоеше онаму каде што лебедот нежно ги склопува крилјата, малку пред местото каде што се бакнуваат езерото и небото. Далеку од каква било скрб.

21 February 2018

Бањање на градот

   Додека небото родителски го бања градот, зад многуте прозорци во моментов умираат многу тела и души. Души искрвавени до смрт. Ќе се издигнат тивко над ефемералноста вишнејќи кон небото, но набргу ќе ги завее пак некој падежен ветар и утредента ќе станат исти како нивните убијци.

11 February 2018

Протагонистите на злобата

   Злобата залудно се залагаш да ја сознаеш. Ако тоа го правиш,  навистина си и туѓинец. Којшто живее крај нејзините протагонисти.

06 February 2018

Немтуросани непријатели

   Нежна ноќ најсетне. Немтуросани непријатели наблизу. Но најважното ноќта беше нејзината нежност.