06 October 2019

Многу интересни текстови за My World, Кешбек Cashback World, Лајконет Lyconet, Лајонес Lyoness

Не знам што да мислам за ова... Не знам дали било така и дали и сега е вака?:

http://robertbilic.com/poduzetnistvo/lyoness-prilika-ili-prevara/

https://www.mojarijeka.hr/kolumne/ne-zelim-ulaziti-u-vas-multi-level-program/

https://mlmprevara.wordpress.com/2015/02/21/moj-muz-je-kroz-lyoness-izgubio-mene-i-kucu-sto-smo-napravili-prija-3-godine/

Има некои материјали и на Јутјуб. Навистина не знае човек што да мисли:
https://www.youtube.com/watch?v=Tia2qvq7OWE


Па и јутјуберите, се разбира, како што вели овој блог не пропуштиле ништо:   https://mlmprevara.wordpress.com/2019/09/22/mlm-i-youtuberi/

10 August 2019

Стефан Сидовски

     Овој почитуван ум, Стефан Сидовски, којшто неодамна почина, значи крај на надежта за Македонија, оти човекот си отидe, а ние што останавме, сме неспособни.
    Нејсе, вечна му слава на Стефан Сидовски!

09 August 2019

Свитина (сите, по теаречки, колку што знам) да одговараат!

    Во времето кога сите се пењават за Катица (и таа како и Груевски не смее да излезат кога било од затвор) и се обидуваат преку нејзините с... да инсинуираат дека Груевски бил невин, има само една битна работа што може да се каже: Сите треба да си одговараат! Сите! И Груевски и тајфата што сега се прави паметна и невина („ама јас само малку се сексав“, и Заеви и хармоникашот од Велес („јас не сексам никого, жими мајка!“), и Катица и сите други актуелни криминалци треба да завршат зад решетки!
   Бонус: За патриотизмот и непатриотизмот на оваа или онаа партија, само две работи: Усраниот национализам на Груевски сепак, на крајот, не ја одбрани Македонија, туку ја доведе до Преспанскиот договор, а второ, ако ВМРО-ДПМНЕ беа толкави патриоти, зошто во 2012 и 2013 година не мрднаа ниту со мало прсте во врска со Букурешкиот договор?!

01 May 2019

Лукуловски гозби

По празнувањето, отидете во тоалет, измијте го лицето и погледнете се во огледалото.
Прашајте се: Ќе бидам ли утре барем малку подобар/ра?

06 January 2019

Христос се роди!

   Во миговите кога се потсетуваме на раѓањето на Спасителот, ви посакувам многу здравје, среќа, благосостојба и исполнет живот!
За многу години!

12 December 2018

ВИДЕО Старите возила загадуваат „со петта брзина“, власта мора итно да крене рачна

Објавено на „Мета“ на 12 декември 2018 година. Во оригиналната објава може да се видат повеќе содржини, како фотографии и инфо-графикон. Сите права за текстот ги има агенцијата.

Користените возила донесени од странство од либерализацијата на нивниот увоз во март 2010 година ја преплавија Македонија, драстично го зголемија вкупниот број возила, а поради тоа што главно се увезуваа дизел автомобили, од пет наспрема еден претходно во корист на бензинските мотори, сега ситуацијата кај автомобилите е донесена во сооднос еден спрема еден. Тоа носи бројни ризици за состојбата со амбиенталниот воздух, бидејќи дизелите се главните загадувачи со цврсти честички (ПМ), а згора на сѐ прашање е колку квалитетно се сервисираат и одржуваат автомобилите воопшто, велат експертите и екологистите. Тие посочуваат и дека е проблем што Македонија не следи чекор не само со европските земји, туку и со своите сосетки Бугарија и Албанија, кои воведуваат построги мерки за увозот на користени возила.
Новиот потег на Владата, преку измена и дополнување на Законот за возила да се воведе еколошка категоризација и соодветни налепници на автомобилите екологистите го критикуваат како недоволно обмислен, односно неефективен во практиката. Тие порачуваат дека e добро што се размислува за категоризација како една од мерките за намалување на загадувањето, но крајно неправилно е категоризацијата да се прави само врз основа на документите, односно параметрите кога било ново, а не врз основа на тоа колку возилото вистински загадува.
Дека дизелите се најголемиот проблем, посочува и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во две свои студии, изготвени минатата и оваа година. Во студијата „Транспорт во Скопје реалност и предизвици – Патека кон зелен транспорт“, која беше презентирана на конференцијата „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“, која се одржа во МАНУ на почетокот на ноември, посебно внимание се обрнува на дизелите.
„Да се забрани увоз на возила постари од осум години во земјава и таа старосна граница постојано да се почитува, да се спроведуваат постојани контроли на издувните гасови на возилата и да се казнуваат оние кои ги извадиле катализаторите од возилата. Постојано да се зголемува и акцизата на дизел горивото за неговата цена да се изедначи со цената на акцизата на дизелот“, се дел од препораките за намалување на загадувањето на воздухот изнесени во погоренаведената студија, подготвена од Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој (ИЦЕОР) на МАНУ.
Оттаму на централната власт ѝ препорачуваат да се стимулира купување нови возила преку нови методологии за пресметување на еколошките такси и при увоз и при регистрација, како и да се зголеми еколошката такса. Се препорачуваат и зголемување на продорот на електричните возила, кои воопшто не загадуваат, но и за хибридните возила.

  Целиот текст може да се прочита тука

 

18 November 2018

Татјана Грковска

10 години, ама ова е гол минимум, како оваа г-а коментира концерти на Виенската Филхармонија.
Следејќи ги и другите нејзини дела, можам да кажам - дефинитивно е најдобриот коментатор на Балканот!

16 November 2018

Кои министер и функционери станаа милионери?

   Чардаш ни играат и СЈО и МВР и Кривичен суд во обид да се вадат...
   Мене ме интересира интересира кои министер и функционери станаа милионери за порцијата гулаш што му ја послужија на Никола Груевски во Будимпешта?

15 November 2018

Jó napot kívánok драги Марко,

   Надам се да сте ти и твоите добро тамо,
   Молим те, овде ми је мало густо, па провери тамо код тебе како је. Ја би да дојдем. Знам да је малку студено, али сам купио стварно дебелу јакну овде на Кинеској пијаци.
   Ако је „ваздух чист“, долазим хеликоптером.
   Твој друг Никола

Ензиперикс!

   Ензиперикс, ензиперикс!
Серем кеш, серем КЕШ!