04 April 2021
Ве „оддува“ хеликоптерот
23 February 2021
Збогум Панонски морнару, збогум Ѓорѓе Балашевиќ!
По долго размислување, сепак решив да го прекинам самонаметнатиот молк...
Збогум Панонски морнару!
Фала ти за сите дружби, фала ти што ми ги исполнуваше тинејџерските години, фала ти што беше покрај мене кога немаше никој друг! Фала ти што ме учеше да размислувам и со срцето и со умот, што во клучните години, на својот начин, многу помогна да станам за трошка подобар човек од тоа што можев да бидам...
Ќе ми фалиш многу! Се надевам дека те пречекаа со златна харфа!
06 October 2019
Многу интересни текстови за My World, Кешбек Cashback World, Лајконет Lyconet, Лајонес Lyoness
http://robertbilic.com/poduzetnistvo/lyoness-prilika-ili-prevara/
https://www.mojarijeka.hr/kolumne/ne-zelim-ulaziti-u-vas-multi-level-program/
https://mlmprevara.wordpress.com/2015/02/21/moj-muz-je-kroz-lyoness-izgubio-mene-i-kucu-sto-smo-napravili-prija-3-godine/
Има некои материјали и на Јутјуб. Навистина не знае човек што да мисли:
https://www.youtube.com/watch?v=Tia2qvq7OWE
Па и јутјуберите, се разбира, како што вели овој блог не пропуштиле ништо: https://mlmprevara.wordpress.com/2019/09/22/mlm-i-youtuberi/
10 August 2019
Стефан Сидовски
Нејсе, вечна му слава на Стефан Сидовски!
09 August 2019
Свитина (сите, по теаречки, колку што знам) да одговараат!
Бонус: За патриотизмот и непатриотизмот на оваа или онаа партија, само две работи: Усраниот национализам на Груевски сепак, на крајот, не ја одбрани Македонија, туку ја доведе до Преспанскиот договор, а второ, ако ВМРО-ДПМНЕ беа толкави патриоти, зошто во 2012 и 2013 година не мрднаа ниту со мало прсте во врска со Букурешкиот договор?!
01 May 2019
Лукуловски гозби
По празнувањето, отидете во тоалет, измијте го лицето и погледнете се во огледалото.
Прашајте се: Ќе бидам ли утре барем малку подобар/ра?
06 January 2019
Христос се роди!
Во миговите кога се потсетуваме на раѓањето на Спасителот, ви посакувам многу здравје, среќа, благосостојба и исполнет живот!
За многу години!
12 December 2018
ВИДЕО Старите возила загадуваат „со петта брзина“, власта мора итно да крене рачна
Користените возила донесени од странство од либерализацијата на нивниот увоз во март 2010 година ја преплавија Македонија, драстично го зголемија вкупниот број возила, а поради тоа што главно се увезуваа дизел автомобили, од пет наспрема еден претходно во корист на бензинските мотори, сега ситуацијата кај автомобилите е донесена во сооднос еден спрема еден. Тоа носи бројни ризици за состојбата со амбиенталниот воздух, бидејќи дизелите се главните загадувачи со цврсти честички (ПМ), а згора на сѐ прашање е колку квалитетно се сервисираат и одржуваат автомобилите воопшто, велат експертите и екологистите. Тие посочуваат и дека е проблем што Македонија не следи чекор не само со европските земји, туку и со своите сосетки Бугарија и Албанија, кои воведуваат построги мерки за увозот на користени возила.
Новиот потег на Владата, преку измена и дополнување на Законот за возила да се воведе еколошка категоризација и соодветни налепници на автомобилите екологистите го критикуваат како недоволно обмислен, односно неефективен во практиката. Тие порачуваат дека e добро што се размислува за категоризација како една од мерките за намалување на загадувањето, но крајно неправилно е категоризацијата да се прави само врз основа на документите, односно параметрите кога било ново, а не врз основа на тоа колку возилото вистински загадува.
Дека дизелите се најголемиот проблем, посочува и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во две свои студии, изготвени минатата и оваа година. Во студијата „Транспорт во Скопје реалност и предизвици – Патека кон зелен транспорт“, која беше презентирана на конференцијата „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“, која се одржа во МАНУ на почетокот на ноември, посебно внимание се обрнува на дизелите.
„Да се забрани увоз на возила постари од осум години во земјава и таа старосна граница постојано да се почитува, да се спроведуваат постојани контроли на издувните гасови на возилата и да се казнуваат оние кои ги извадиле катализаторите од возилата. Постојано да се зголемува и акцизата на дизел горивото за неговата цена да се изедначи со цената на акцизата на дизелот“, се дел од препораките за намалување на загадувањето на воздухот изнесени во погоренаведената студија, подготвена од Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој (ИЦЕОР) на МАНУ.
Оттаму на централната власт ѝ препорачуваат да се стимулира купување нови возила преку нови методологии за пресметување на еколошките такси и при увоз и при регистрација, како и да се зголеми еколошката такса. Се препорачуваат и зголемување на продорот на електричните возила, кои воопшто не загадуваат, но и за хибридните возила.
Целиот текст може да се прочита тука
18 November 2018
Татјана Грковска
10 години, ама ова е гол минимум, како оваа г-а коментира концерти на Виенската Филхармонија.
Следејќи ги и другите нејзини дела, можам да кажам - дефинитивно е најдобриот коментатор на Балканот!
16 November 2018
Кои министер и функционери станаа милионери?
Мене ме интересира интересира кои министер и функционери станаа милионери за порцијата гулаш што му ја послужија на Никола Груевски во Будимпешта?