31 May 2018

Ја љуфна

   Во писмото со кое во исто  плико го ставил барањето на некои владици на МПЦ-ОА Вселенската патријаршија да преземе мерки за доделување автокефалност на македонската црква, македонскиот премиер Заев го нарекува патријархот Вартоломеј „духовниот водач и отец на сите Православни“. Премногу залетување...
   Имено, во редот на најстарите патријаршии на Православната црква, покрај Вселенската, односно Цариградската патријаршија, постојат и Антиохијска, Ерусалимска и Александријска патријаршија, и сите четири се сметаат за еднакви по достоинство. Од големата шизма во 1054 година, кога дотогашната помалку или повеќе обединета Црква се поделува, четирите погоре наброени патријаршии не ја прифаќаат Римската патријаршија, односно сегашната Римокатоличка црква, со која раководи Папа.
   Да не зборуваме, пак, за поновите, како Московската патријаршија (која не признава преемство на Цариградската патријаршија), но и Пеќката, Трновската... Односно, во Православието имаме поголем број патриархати, со свој територијален опфат и душегрижнички авторитет. Што значи дека на своите територии тие си ја имаат пастирската улога, обврска и авторитет.
   А не Цариградската патријаршија, колку таа да го посакува тоа...
   Со други зборови, Заев, односно тој од МПЦ-ОА што му го составувал писмото, ептен ја љуфна, што би рекле битолчани...
   Во меѓувреме, чекаме МПЦ-ОА да го покаже писмото, за да видиме што тие направиле.

Полицаецот од Охрид што си го казни командирот цел на одмазда, ама не се откажува!

   Секоја чест за човеков! Кога барем по 0,001% од луѓето секоја година би станувале како него, Македонија наскоро би можела да процвета!
   Приказната прочитајте ја тука.

27 May 2018

Република Македонија erga omnes

   За клето Грче, единствено што треба да добие е Република Горна Македонија за билатерала. Македонија за светот мора да остане занавек Република Македонија.
   Уцените на балканските фашисти мора да ги игнорираме. Само така може да се заштити правдата и достоинството на нашите сонародници изгонети како шугави кучиња од своите домови, а потоа недобредојдени назад ни по многу децении.
   Со тоа завршуваат лагите на едни од најголемите ѕверови на Балканот и најголемите лапачи (14-та плата, надомест за одржување лична хигиена...) Ви текна, нели?

21 May 2018

Силување на демократијата, па државата сега ќе добие партиски деца

      Паднаа во вода сите тврдења на СДСМ за искоренување на партизираноста. Погледнете што се случува во Собранието сега... Талат предизвикан од ВМРО-ДПМНЕ лаже дека се доставени биографии, а тие на пратениците им се доставуваат дури 2 часа потоа, но се едвај читливи.... Се за да се вработи партиски кадар во Комисија за хартии од вредност, за чии квалификации доволно зборуваа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на денешната пленарна седница.
   И Горан Мисовски како потпретседател на Собранието соучесник во силувањето - со ист број пратеници во салата, те има, те нема доволно пратеници за гласање - се со цел да ги исполни директивите и да ги протурка кадрите заслужни за партијата.
  СРАМОТА!!! Па за ова ли се „уриваше режим“!?
Апаши, апаши, апаши... Шутка не ви бега, СДСМ, СДСМ, СДСМ...

Не ги слушам само оние што самите себеси не се разбираат

  
   Не ги разбирам и не ги слушам само оние луѓе што самите себеси не се разбираат. Сите други секогаш сум волен да ги ислушам се додека не разберам што имаат да кажат. Не значи дека ќе се согласам со нив, ама секако ќе ги ислушам. Оние првите, нели, воопшто немам намера да ги слушам.

18 May 2018

Република Илинденска Македонија

   Двострано прифатливото решение, како што пишуваат многу медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, новото име на Македонија да биде Република Илинденска Македонија, Republic of Ilinden Macedonia, но доколку навистина јазикот останува „македонски“ и кратенките МК или МКД, е за мене сосема прифатливо решение.
   Оваа формула, за која најверојатно никој не помисли се до сега, е најдоброто од сите можни решенија - имајќи предвид дека Грција не прифаќа Република Македонија. Дополнително, ниту Бугарија не би имала против, а не верувам ниту дека Албанците - и македонските и оние во другите две држави каде се мнозинство, ќе се спротивстават.

17 May 2018

Нема решение без референдум

   По егзалтацијата на одредени „фактори“ во земјава, а во кусок на доволно информации за договореното од Заев и Ципрас во Софија денеска, сакам само да потсетам на стотици пати повтореното ветување од поранешната опозиција, а сега владејачка сила, дека какво и да е решение ќе биде ставено на референдум.
   „Оптимисти“, не скокајте толку многу дека има компромис. Зарем не ја знаете старата поговорка „Чувај се од Данајците и дарови кога носат!“.
  Ерго, откако ќе разбереме за што се договориле Заев и Ципрас, одлуката ќе биде на народот, не на политичката елита!

11 May 2018

Плафони, а не тавани

   Тоа што паднало е плафон(и). Таван не е синоним за плафон, таван е она што се наоѓа под покривот на објектот (куќата) и е простор што е празен или се користи за чување различни работи.

Ајде, сега чешма...

   Ова премиеров и министриве ги стасаа по фотографирање и сечење ленти главучите од владите на Груевски и него лично.
   Ајде да видиме каде ќе „фркне“ првата селска чешма?
 

Добро што се повлече Командант Хоџа

   Џезаир Шакири, Командант Хоџа од војната во 2001, а и подоцна, решил да се повлече оти му пречеле критиките. Тоа е најмалку што може да направи човек ангажиран за советник со владина плата, а давал такви изјави пред три години (а можеби и подоцна) за безбедносните сили на Република Македонија.